еМагазин
Image default
Балкан

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Балканот згрозен од брутално претепување на човек во Мостар, оти го прекршил полицискиот час

Јавноста во Босна и Херцеговина, но и на Балканот е шокирана од видеото кое го објави порталот „Поглед.ба“, за кое се вели дека е снимено во Мостар, а на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат човек пред влез на зграда.

Од порталот пишуваат дека видеото е направено викендов, а човекот наводно го прекршил полицискиот час.

По тепањето, тој бил однесен во Полициското одделение Мостар, каде му била изречена казна за кршење на полицискиот час.

Откако потоа му се слошило дома, човекот сам се пријавил во болницата во Мостар каде му биле утврдени повредите.

Фото/видео: Pogled Ba

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Трет протест против насилството во Белград, најмасовен во Србија во последните години

Редакција

Многу лекари ќе напуштат работа ако ги принудиме да се вакцинираат, вели српската премиерка Ана Брнабиќ

Редакција

Хрватскиот министер кој уби 40-годишен маж во сообраќајка не се сеќава на ништо

Редакција