еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Најмалку 40 загинати во стампедо на верски фестивал во Израел

Десетици луѓе загинаа во голем метеж на верски фестивал во Израел, соопштија здравствените работници. Премиерот Бенјамин Нетанјаху ја нарече несреќата – „голема трагедија“.

Според првичните извештаи, загинале повеќе од 40 лица, а над 100 се повредени, од кои многумина се во критична состојба.

Несреќата се случила кога групи ултраортодоксни Евреи во голем број поминале низ гробница на мудрец од вториот век, рабинот Шимсон Бар Јочаи, за време на комеморациите кои вклучувале бдеење, мистични песни и танцување.

Очевидци велат дека луѓето се задушиле или биле прегазени во тесни премини.

Претставници на брзата помош го опишаа инцидентот како „стампедо“ и рекоа дека 103 лица се повредени, од кои многу се со смртни повреди.

Локалниот Канал 12 објави дека има 40 загинати, а очевидци додаваат дека меѓу нив има и деца.

Весникот „Харец“ информира дека има најмалку 44 загинати и оти 38 лица се во критична состојба.

Гробницата Маунт Мерон се смета за едно од најсветите места во еврејскиот свет и секоја година го посетуваат многу верници.

МИА/Фото/Видео: Youtube/Reuters/Guardian

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кој дојде на прославата на ССК во „Воденица-Мулино“

Редакција

Каков имот пријавила Марија Митева, новиот портпарол на Владата

Редакција

Наредните денови раст на температурите, в сабота северен ветер и снег во западните делови

Редакција