еМагазин
Image default
Бизнис

Вредноста на биткоинот повторно над 40.000 долари

Цената на биткоинот го надмина нивото од 40.000 долари за време на денешното викенд тргување, објави порталот investing.com на својот профил на Твитер.

Според податоците од порталот, кој ги следи движењата на пазарите на криптовалути во реално време, со биткоинот се тргуваше на ниво од 40.187 долари, што претставува скок во вредност од 6,59 проценти.

Најголемата светска виртуелна валута се тргуваше под 38.000 американски долари пред три недели, стагнирајќи по краткорочниот пораст во претходниот период, кога првпат достигна ниво од 40.000 долари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Компанијата за аутсорсинг, ЕМАПТА, отвара делововен простор во ТИРЗ Скопје 1, ќе вработи 850 лица за пет години

Редакција

YFA Automotiv ќе произведува инфлатори за воздушни перничиња во Бунарџик

Редакција

„Брако“ продолжува со инвестиции: Завршена обуката за управување со најсовремената ЦНЦ „Хартфорд“ глодалка, производството започнува наскоро

Редакција