еМагазин
Македонија

Второодделенец од радовишко Подареш позитивен на Ковид-19

Седум до десет ученици од второ одделение од Основното училиште „Коста Рацин“ од радовишкото село Подареш ќе бидат ставени во изолација, откако нивен соученик на седумгодишна возраст е позитивен на тест за коронавирус.

Информацијата за МИА ја потврди директорката на Центарот за јавно здравје во Штип, Марија Димитрова.

-Останатите ученици од прво и од трето одделение, кои посетуваат настава во ова училиште не се ставаат во изолација, бидејќи според анкетата немале контакт со учениците од второ одделение, вели Димитрова.

Додаде дека одлуката да се стават децата во изолација ја донеле попладнево во консултациja со епидемиолог од Радовиш.

Ова е прв заразен ученик во источниот и југоисточниот регион, кој наставата ја следи со физичко присуство во училиштето.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР за изјавата на Каракачанов: Со Бугарија потпишавме Договор за пријателство и ќе градиме пријателство

Редакција

(Видео) МВР се поднови со нови пловни објекти

Редакција

На Бугарија не и се бендиса казната за Ламбе Алабаковски

Редакција