Од 1-ви јануари 2020 година нов в.д главен извршен директор на ОКТА е Вук Радовиќ. На раководната позиција во најголемата нафтена компанија во државата доаѓа од Белград, каде во изминатите три години успешно ја извршуваше функцијата генерален директор на „Еко Србија“.
“Радовиќ е дел од „Хеленик петролеум групацијата“ од 2004 година и за овој период има работено на повеќе раководни позиции во „Еко Србија“ и во „Југопетрол“ во Црна Гора. Тој е добар познавач на состојбите на македонскиот пазар, со оглед на тоа што во периодот од 2013 до 2016 година работеше како директор за снабдување и трговија во ОКТА“, велат од компанијата.
Радовиќ го наследува Јанис Геруланос, кој ја извршуваше функцијата главен извршен директор на ОКТА во изминатите пет години.