Денеска дознавме за постоење на лажни мејлови за бесплатна испорака (до крајот на годината) за првите 1.000 корисници на Wolt во Македонија, имформираат од компанијата.
Од таму додаваат дека ова не е ниту организирано, ниту поддржано од Wolt Македонија и ова е злонамерна измама.
„Wolt ќе ги преземе сите неопходни чекори за да спречи понатамошни измами со користење на брендот Wolt, вклучително и извештај до Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи. Тесно ќе соработуваме со властите за да спречиме слични ситуации да се случат во иднина.
Wolt Македонија, кој за многу брзо ќе биде достапен за сите клиенти и партнери, ги повикува граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви измамнички мејлови.
Исто така, сакаме да ги потсетиме корисниците за официјалните канали за пријавување, каде што можат да испраќаат анонимни извештаи за какви било загрижувачки инциденти на Wolt,“ се вели во соопштението.
Фото: Unsplash