еМагазин
Image default
Македонија

За 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 6 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

„Вкупно 128 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало 2 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациент и 3 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 17 оздравени пациенти.

Во ковид центрарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 51 болен, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 58 пациенти.

Вкупно 128 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средба Ковачевски – Мицотакис: Економските релации меѓу двете земи зајакнуваат и во време на криза

Редакција

Павле Трајанов реизбран за претседател на Демократски сојуз

Редакција

Детален преглед на случаите со Ковид-19 по скопските општини

Редакција