еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

За Бајден Путин е „воен злосторник“

Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „воен злосторник“ поради инвазијата што ја започна врз Украина.

Тоа е прва таква квалификација од Бајден за Путин откако Русија почна со инвазија врз Украина.

„Тој е воен злосторник“, изјави Бајден пред новинарите во обраќањето во Белата куќа. Тој, исто така, го обвини рускиот претседател за „силно уништување во Украина“, бомбардирање згради, породилишта и болници.

Претходно, Бајден најави дополнителна воена помош за Украина во износ од 800 милиони долари, која меѓу другото вклучува беспилотни летала, системи за противвоздушна одбрана „Стингер“, автоматски пушки, минофрлачи и муниција.

„Ќе и дадеме на Украина оружје за борба и одбрана во тешките денови што претстојат“, рече Бајден.

Потоа прес-секретарката Џен Псаки рече дека „забелешките на претседателот зборуваат сами за себе“.

Таа нагласи дека Бајден „зборува од срце“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО потврди 43 напади врз болници и здравствени установи во Украина

(Вознемирувачко видео) 10 лица убиени во украинскиот град Чернигов додека чекале ред за леб

МИА/Фото: Фејсбук/Бајден

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјани утре ќе останат без градски превоз, најавува синдикатот на ЈСП

Редакција

Комерцијална нема да ја купи Еуростандард банка, но му даде кредит од 10 милиони евра на Трифун Костовски

Редакција

(Фото) Утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор

Редакција