еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

За бриселски „Политико“ Бугарија е мафијашка држава

Бриселски „Политико” пишува за судирот меѓу државниот обвинител Иван Гешев и Бојко Борисов, лидерот на партијата ГЕРБ, за кој судир, магазинот вели дека е кулминација на мафијашката држава и меѓудругото наведува дека поради таквиот заплет “Нетфликс ќе се изеде од завист“.

Во Бугарија, мафијата е заштитена од политичарите и е присутна секаде, вклучувајќи ги нејзините интереси поврзани со дрога, оружје, шверц на луѓе и испумпување пари од европски фондови, пишува „Политико“.

Во својата анализа за ситуацијата во Бугарија, „Политико“ пишува и дека кризата во владеењето на правото преминала во јавен судир помеѓу Гешев и Борисов, кој ѝ го доведе на функцијата во 2019 година.

Продемократските активисти долго време го сметаат Гешев за најголемата пречка за придвижувањето на Бугарија кон нормите на Европската Унија и тој беше главната цел на големите антимафијашки протести во 2020, кога неуспешно се бараше неговата смена.

Оттогаш, Гешев стана недопирлив, делумно и поради блиските врски со бившиот премиер Борисов, кого лани го спаси од затвор.

По победата на ГЕРБ на изборите во април, петти за период од две години, мандатарката за формирање влада Марија Габриел изјави дека сака да го смени Гешев зошто претставува штета за судството.

Гешев на ова возврати со обвинувањата дека сакаат да го убијат и се закани дека ќе ја разоткрие корупцијата на највисокото политичко ниво.

Гешев на 1 мај објави дека преживеал обид за атентат со бомба, при што беше повикан израелски балистички експерт да го потврди нападот, во кој не поверуваа многумина опозициски политичари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарските власти тврдат дека имало обид за атентат на главниот бугарски обвинител

Гешев потоа приреди нов театар, кога јавно го искина писмото за оставка на која го принудувале, ветувајќи дека ќе го одработи мандатот до 2026 година. Споредувајќи се со убиениот италијански судија Џовани Фалконе, Гешев кажа дека тој и неговото семејство примиле бројни заплашувања и смртни закани. Исто така откри дека Борисов му го нудел амбасадорското место во Турција или Израел за да се ослободи од него.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Спасовски дуваше свеќи во Берлин

Редакција

(Видео) „Слободен печат“: Околу триста лица на погребот на Амди Бајрам

Редакција

Епидемијата на мајмунски сипаници веројатно нема да се претвори во пандемија, велат од СЗО

Редакција