еМагазин
Image default
Македонија

За една недела 55 вработени и 19 деца во градинките се позитивни на Ковид-19

Состојбата поврзана со ковид-пандемијата во детските градинки е стабилна и тие остануваат и натаму отворени, но ситуацијата се следи постојано и нови мерки би можеле да бидат донесени согласно развојот епидемиолошката состојба, порача денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Таа додаде дека секоја недела се прави пресек на позитивни вработени и деца згрижени во градинките.

– Денеска го правиме пресекот и согласно денешниот извештај имаме нови 55 вработени во градинките позитивни на коронавирусот за изминатите седум дена и дополнително 19 позитивни деца. Состојбата е под контрола и постојано ја следиме.

За нас врвен приоритет преставува здравјето пред се на децата, но и на вработените. Доследното почитување на протоколите ја става ситуацијата под контрола, меѓутоа ќе ја следиме епидемиолошката состојба и заеднички ќе носиме одлуки во интерес на граѓаните, рече Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање.

Таа додаде дека мерките може да зависат и од состојбата на секоја градинка посебно, односно од бројот на позитивни случаи што би се јавил.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Условите за лекување од Ковид-19 во приватните болници ќе се знаат во недела

Редакција

Ковид-центарот изгорел за неколку минути, засега нема индиции дека пожарот во Тетово е подметнат, вели претседателот Пендаровски

Редакција

11 прекршувања на полицискиот час, 558 казни за неносење маска

Редакција