еМагазин
Image default
Македонија

Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на ЛДП, вели Пенов

Министерот за локална самоуправа од редовите на Либерално-демократската партија, Ристо Пенов соопшти дека за десеттина дена ќе се одржи Конгресот на партијата на кој се очекува да се избере нов партиски лидер, а актуелната пратеничка Моника Зајкова е единствен кандидат.

– Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на партијата. Јас нема да се кандидирам. Треба млади и свежи идеи и сили, како ние кога сме ја правеле инфраструктурата на партијата, рече Пенов во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

За доскорешниот претседател Горан Милевски, кој даде оставка од партиската функција и од функцијата министер за локална самоуправа, Пенов рече дека тој бил против францускиот предлог и дека неговиот став не поминал низ органите на партијата.

– Ако си против француски предлог, а Владата го усвојува, тогаш каде ти е местото? Неговиот став не помина низ органи. Пратениците гласаат „за“, се определија за Европа, за чекор понатаму, рече Пенов.

На прашањето дали Милевски ќе биде предложен за амбасадор, Пенов одговори дека „во постапка е“.

– Предложен е, во некоја постапка е, рече Пенов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Ристо Пенов, новиот министер за локална самоуправа

МИА/Фото: ЛДП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Функционери на СДСМ и ДУИ саботирале акција на странска агенција за шверц на дрога, објави албанската телевизија “Ора њуз„

Редакција

МНР: Изјавата на бизнисменот Митровски на судењето за “Рекет“ е груба лага

Редакција

Бугарските националисти да бидат прогласени за персона нон-грата, бараат од Демократски сојуз

Редакција