еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Јакимовски со видео-обраќање до Арсовска, не можел да стапи во контакт со неа: 45 дена го молам Градот Скопје да назначи комисија за урбанизам, ќе не тужат за 15 милиони евра

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски на неговиот Фејсбук-профил објави видео, за кое вели дека има потреба на тој начин јавно да се обрати, бидејќи веќе 45 дена го моли Градот Скопје да назначи комисија за урбанизам, бидејќи старата комисија е суспендирана, а немаат назначено нова комисија за да го одобри Деталниот урбанистички план за кој што се тужени како општина, а тужителот бара 15 милиони евра оштета.

„Вчера добив писмо дека ќе следи и кривична пријава, но јас до денес не наоѓам никакво разбирање, ниту желба за кооперативност, ниту чувство за одговорност. Не се 15 крушки, туку за 15 милиони евра станува збор.

Се обидував да стапам во дирекна комуникација со градоначалничката, со службите, се обидував и преку разни други канали да оставрам контакт. Ова е последниот начин со кој што можам евентуално да влијаам за позитивно решение на проблемот за Општината Карпош да не биде доведена во тешка материјална состојба“, вели Јакимовски и додава дека во одбраната на општината и државните интереси е вклучено Јавното правобранителство и досега имал средба со јавниот и со правобранителот кој го води предметот.

„Тие инсистираат планот итно да се донесе и на тужителот да му се понуди парцелата која е суспендирана со поништување на планот, во спротивно ќе треба да платиме 15 милиони евра“, вели Јакимовски.

Фото/видео: Општина Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Плацеви на Водно“: Денеска пресуда за „тајниот“ имот на Груевски

Редакција

(ВИДЕО) МВР изврши ништење на експлозивни средства кои потекнуваат од кривични дела

Редакција

Случајот ,,Шпански скали” почна од почеток откако истекоа 90 дена од последното одржано рочиште

Редакција