еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) МВР изврши ништење на експлозивни средства кои потекнуваат од кривични дела

Во текот на вчерашниот ден на воениот полигон „Пенуш“, штипско, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, изврши уште едно успешно ништење на различни видови мински и експлозивни направи и материи, информираат од МВР.

„Овие мински и експлозивни средства пред сѐ се предмети кои потекнуваат од кривични дела, запленети во текот на прегледи или претреси, а по претходно издадени судски наредби.

Имено, ова ништење на експлозивни средства на воениот полигон „Пенуш“ беше реализирано во координација со Одделот за специјални полициски операции и СВР Штип со вкупно четири контролирани експлозии,“ се вели во соопштението.

Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се јави и Илинка Митрева: Време е Заев да се соочи со судот на јавноста

Редакција

СЗО: Има докази дека коронавирусот се пренесува преку воздух на јавни места кои се преполни со луѓе

Редакција

Од Ковид-19 во Македонија починале повеќе мажи, над 60 години, со претходни заболувања

Редакција