еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кина повикува на мировни преговори меѓу Израел и Хамас, предупредува на ескалација

Кина повика на мировни преговори во конфликтот меѓу Израел и исламистичката палестинска организација Хамас, јави ДПА.

Ситуацијата мора да се спречи дополнително да ескалира и да доведе до уште поголема хуманитарна катастрофа, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со неговиот израелски колега Ели Коен, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Пекинг.

Ванг рече дека Кина е загрижена поради тековната ескалација на конфликтот и тажна поради големиот број цивилни жртви. Сите земји имаат право на самоодбрана, но мора да го почитуваат меѓународното хуманитарно право и да ја заштитат безбедноста на цивилното население, рече кинескиот министер.

Вооружени милитанти на Хамас го нападнаа Израел на 7 октомври, убивајќи повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили во пограничната област, и киднапираа најмалку 222 други, според израелската армија.

Во израелско воздушно бомбардирање на Газа досега загинаа повеќе од 5.000 луѓе, според локалното Министерство за здравство управувано од Хамас.

Овие бројки не можат да се потврдат независно.

САД и ЕУ го сметаат Хамас за терористичка организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што е геноцид за што се обвинува Израел во Газа

(Вознемирувачки видеа) Во Газа убиени 2.055 деца за неполни три недели

МИА/Фото: Израелско МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Текстилниот кластер во Штип брои 126 заразени со коронавирусот

Редакција

Бугарија на Илинденското востание му даде целосно бугарски карактер, Македонија молчи

Редакција

Меѓу нив и партиите на Каракачанов и Костадинов: Шест партии во Бугарија шират говор на омраза

Редакција