еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија

На овогодишниот XLII Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани”, по покана на селекторот на фестивалот Слободан Савиќ (театарски критичар и уредник на РТС), во официјалната програма од селектирани 70 претстави, одбрана е претставата „Народен непријател” по текст на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, информираат од МНТ.

Претставата ќе се одигра на 25 октомври на сцената „Бора Станковиќ” во Врање.

Овогодишната фестивалска програма ќе трае од 21 до 28 октомври под слоганот „Театарот во трауматизираното општество”, а ќе учествуваат и театарските куќи од Србија, Хрватска и Романија, при што директорот на театарот истакна дека од година на година се зголемува бројот на угледни претстави кои доаѓаат во Врање, а годинава тоа е посебен предизвик, бидејќи има и претстави од регионот, што не било случај до сега кога се во прашање „Борини позоришни дани”.

Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.

Фото: МНТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Шаќири: Ембла е повторно меѓу соучениците, да се подигне свеста за децата со попреченост

Редакција

Алтернатива во недела ќе се изјасни околу партиципирањето во Владата

Редакција

(Видео) Милчо Манчевски со лично искуство опиша како изгледа непотизмот и корупцијата во Македонија

Редакција