еМагазин
Image default
Македонија

Се јави и Илинка Митрева: Време е Заев да се соочи со судот на јавноста

„Ставовите на Заев се завршниот удар што тој ѝ го задава на Македонија. Почна од Преспа и промената на името на нашата држава, а сега посегна по идентитетот, јазикот и историјата – по ноторни историски факти, фашистичката окупација на Македонија. Капитулираше пред најголемиот напад со кој се соочила Македонија од почетокот на нејзиното постоење: уцени, притисоци и барања што задираат во темелите на македонската нација“, вели професорката Илинка Митрева, поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија, како реакција на интервјуто на премиерот Зоран Заев за агенцијата БГНЕС, пренесува Плусинфо.

„Евроинтеграциите биле и ќе бидат наша трајна државна заложба, но не по цената што е спремен да ја плати премиерот. Време е Заев да се соочи со судот на јавноста. Нема простор за политички манипулации и дообјаснувања во СДСМ, нема простор за амнестија. Но, има простор за вонреден конгрес”, вели Митрева.

Таа смета дека е време „да се испрати натпартиска порака до сите општествени и политички сили во нашата земја, до сите граѓани, да се обединиме пред тешките предизвици што ни претстојат“.

„Како поранешен политички деец, но и како граѓанин, имам право и обврска да застанам во одбрана на националната гордост“, заклучува професорката Митрева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Куновска: Заев да си замине веднаш од СДСМ и премиерската функција, за него нема повеќе место во нашите животи

Бранко Црвенковски го замрзна членството во СДСМ: Бара партијата да се дистанцира од Заев

Бранимир Јовановиќ до Заев: Не да изрази жалење за интервјуто, туку да се извини

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во приватните лаборатории веќе неколку дена нема заинтересирани за тестирање за корона вирусот

Редакција

Министерство за правда: Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа по ТВ-дуелот

Редакција

Македонија веќе не смее да биде заложник на популистичко-националистички реторики во Бугарија, вели Ковачевски

Редакција