еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За наредните месеци нема проблем со обезбедување на суровините за масло за јадење, велат од Витаминка

За наредните месеци нема да има проблем со обезбедување на суровините за масло за јадење, а прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ успешно го снабдува, со 40 насто, домашниот пазар, рече генералниот директор Сашо Наумоски пред премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши, кои денеска ја посетија компанијата.

Според Наумоски, нема проблеми со производството на масло за јадење.

– Изминатите четири години успеавме брендот „Брилијант“ да го вратиме на пазарот и моментно со околу 40 насто го задоволуваме домашниот пазар со масло за јадење. Имаме залихи за непречено работење во наредните три месеци и имаме договори со нашите добавувачи од околните земји за редовно да се снабдуваме со сурово масло за јадење, изјави Наумоски.

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

34 заболени од голема кашлица, во Скопје веќе е прогласена епидемија

Редакција

Производите за здрава храна на „Виталиа“ едни од најпопуларните во Бангладеш

Редакција

Владата да престане да ги третира учениците како експериментални глувци и да го врати предметот историја, велат од Демократски сојуз

Редакција