еМагазин
Image default
Бизнис

За поголем економски развој клучно е поголемо вклучување на женскиот лидерски потенцијал

Поголемото учество на жените на лидерски позиции поттикнува развој и носи просперитет во секое општество. Ова го истакнаа учесничките на настанот што се одржа под мотото „Заедно успешни – ослободување на женскиот лидерски потенцијал“.

Настанот го организираше АХК Сeверна Македонија, како дел од мрежата на германските стопански комори во странство и Македонско – Германското стопанско здружение заедно со својата премиум членка ЕОS Матрих ДООЕЛ Скопје, која воедно беше и домаќин на овој настан.

Тој се одржува втора година по ред, а е дел од платформата АХК мрежа на деловни жени – Зајакнување на женското лидерство (AHK Woman Bussniess Network – Female Empowerment).

На настанот свои обраќања, покрај Антје Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија, имаа и Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОЅ Матрих С. Македонија и ЕОЅ Матрих Косово, Марија Дуковска – Павловска, генерална директорка на Макстил и Елена Младеновска – Јеленковиќ, извршна директорка на М6 Едукативен центар.

АХК мрежата на деловни жени – Зајакнување на женското лидерство (AHK Woman Bussniess Network – Female Empowerment) е платформа за жените менаџерки од компаниите членки на Македонско – Германското стопанско здружение.

„Се залагаме за јакнење на женското лидерство во економијата, воедно градиме и мрежа каде жените од деловниот свет можат да разменат лични искуства, да ги споделат предизвиците со кои се соочуваат на менаџерските позиции, да учат едни од други и да си бидат поддршка.

Со споделување на конкретни искуства на успешни жени менаџерки сакаме да ги охрабриме и мотивираме идните генерации да се стремат кон успех и лидерски позиции во компаниите“, истакна Антје Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија.

Настанот се одржа во просториите на ЕОЅ Матрих во Скопје, а пред присутните претставници на бизнис заедницата се обрати и генералната директорка на компанијата, д-р Катерина Бошевска.

„Современите општества се темелат на принципот на еднаквост, но сепак, само 10% од компаниите на „Форчн 500” (Fortune 500) се предводени од жени. Затоа треба да работиме да се примени целосно овој принцип и затоа важно е да се работи на зајакнување на женскиот лидерски потенцијал во сите сфери во општеството.

Децениски студии покажуваат дека жените лидери помагаат да се зголеми продуктивноста, да се подобри правичноста и функционираат како повеќе трансформативни лидери од мажите. Тие го инспирираат својот тим, го тренираат својот тим, ја нагласуваат тимската работа и автентичната комуникација како клуч за успехот. Затоа е важно да го градиме лидерскиот потенцијал кај младите жени“, истакна Бошевска.

ЕОЅ Матрих е водечки финансиски инвеститор базиран на напредни технологии, а компанијата одбележа 20 години од своето работење на пазарот.

Како дел од мрежата на стопански комори, АХК Северна Македонија преку своите активности создава цврсти врски помеѓу македонските и германските компании, зајакнувајќи ја економската соработка помеѓу двете земји. Германија е традиционално еден од најважните трговски партнери.

Во вториот квартал од 2023 година Германија е втора земја по висината на странските директни инвестиции, кои изнесуваат 56,9 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жито лукс лани со загуба

Редакција

Град Скопје поднесе кривична за цементарницата Усје

Редакција

„Порше лизинг“ го доби тендерот на Општина Василево за набавка на возило вреден 1,4 милиони денари

Редакција