еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

За што е осуден Драган Даравелски, кој е уапсен на Табановце

Апсењето на поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски на граничниот премин Табановце ја изненади јавноста.

Логично се постави прашањето зошто Даравелски сакал да влезе во Македонија, притоа знаејќи дека против него има распишано меѓународна потерница од 2013 година и веќе неколку години се бара негова екстрадиција од Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По 20 години бегство на Табановце уапсен Драган Даравелски

Медиумите го отворија и прашањето дали неговите дела се застарени и дали ќе остане во затворот Идризово, каде беше спроведен по апсењето или ќе биде слободен граѓанин.

Официјална реакција од надлежните институции засега нема.

За што е осуден

Даравелски во 2007 година беше осуден во отсуство на седум години затвор поради злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од 1999 до 2002 година, со што биле проневерени 2,5 милиони евра.

Против него се поднесени неколку кривични пријави за злоупотреба на службената должност и овластувања, меѓу кои и за неуплатување на приходите од царините во буџетот на државата и за отуѓување возила, сопственост на Царината и на други институции.

20 години во бегство

Даравелски веќе 20 години ја избегнуваше правдата.

Во март 2016 година беше уапсен од српската полиција во Белград, но двојното државјанство го спаси сите овие години да биде екстрадиран во Македонија.

Барање за негова екстрадиција имаше во 2004, 2013 и 2016 година, а последното беше во 2020 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Кој дојде на приемот кај Дедо Стефан

Редакција

Финска официјално аплицира за членство во НАТО

Редакција

Цената на нафтата нагло порасна, а берзите тонат по нападот на Русија врз Украина

Редакција