еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

За сите љубители на германската култура и јазик – Ден на отворени врати во Гете – институт Скопје

На први септември годинава, во просториите на Гете-институтот во Скопје ќе се одржи манифестацијата „Ден на отворени врати“.  Во рамките на „Денот на отврени врати“, кој ќе започне од 10 часот наутро и ќе трае се до 18 часот поладне, сите заинтересирани ќе можат да се запознаат со работењето на Гете-институтот Скопје и активностите што ги реализира во текот на годината.

Освен тоа, на „Денот на отврените врати“  присутните ќе имаат можност лично да ги запознаат сите професори во Гете-институтот и да поразговараат за теми од нивен интерес. Дополнително на тоа, ќе се одржи промотивен час во модерно опремена училница, а учесниците ќе можат да ги научат првите зборови на германски јазик.

Заинтересираните за актуелни настани и проекти, стипендии и јазична соработка и соработка на ниво на културни друштва ќе имаат можност да се информираат за сите можности што ги нуди Гете-институто Скопје во рамките на овие области.

Покрај тоа, Гете-институт Скопје има можност за дигитални понуди за изучување на германскиот јазик, а сите заинтересирани ќе добијат детална информација и за оваа програма.

Најсреќниот посетител на „Денот на отворени врати“ во Гете-институтот ќе добие еден бесплатен курс по германски јазик.

Гете-институт Скопје е културна институција на Сојузна Република Германија која својата дејност ја извршува низ целиот свет. Преку своите активности го афирмира учењето на германскиот јазик и германската култура.

Покрај изучувањето на германскиот јазик, Гете Институтот во Скопје креира и поддржува проекти од областа на културата, образованието, иновативни процеси и нивна презентација во уметноста, науката и медиумите, поддршка на внатрешно – европскиот дијалог, проекти од мултикултурализмот.

Покрај промоција на Германија и германската култура и јазик, Гете Институтот во Скопје преку своите активности создава можност за поврзување на проекти и идеи од двете земји и идна соработка.

Во рамките на своите активности, Гете-институт Скопје работи и на унапредување на наставата по германски јазик во основното, средното и високото образование.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виталиа“ со свој придонес во битката со корона вирусот: Донирана здрава храна преку Црвен Крст и исплатен данокот на добивка

Редакција

Стипендии од Битолска млекара за новозапишани студенти на УКЛО

Редакција

(Фото) Поранешното „матично“ ќе се реконструира во нов Младински центар

Редакција