еМагазин
Локално

За викенд има и до десет интервенции за помош на скијачи на Попова Шапка

Активностите, спорт и туризам на отворено секогаш значат опасност од повреди, па затоа во ски центарот Попова Шапка секојдневно има работа за службата за заштита и спасување на планина и непристапен терен.

Службата „Асклепиј“ за деновите од викендот има десетина случаи на кои интервенира и им помага или ги спуштаат повредените луѓе од патеките до одредени безбедни места во ски-центарот.

– Има повеќе причини за да дојде до повреди, а ќе ги има се додека постојат активности, спорт и туризам на отворено.

Тоа е еден момент кој му дава и атрактивност на овој спорт или туризам. Никогаш нема да се елиминираат повредите меѓутоа ова го зборувам како вовед, бидејќи не можеме да кажеме дека само неискуството и неопременоста или незнањето се причина за тоа.

Некогаш имаме повреди кај врвни скијачи со одлична опрема заради несоодвено проценување на условите кои владеат на патеката и сопствената подготвеноста, можеби замор, стрес, објаснува раководителот на службата, Константин Циривири.

Бројот на повреди што ги имаат во текот на еден ден е зависен и условен од временските прилики, бројот на посетители во скијалиштето, степенот на обработка на патеките и слично.

-Во една сезона во едно скијалиште на Попова Шапка имаме помеѓу 300 и 400 повреди. На дневна основа имаме најмногу повреди во деновите од викендот затоа што имаме најголема посетеност, но и во работни денови ако има влошување на подлогата на патеката.

Во просек во деновите од викенд има од осум до десет повреди, од кои две до три се повреди кои бараат итен медицински транспорт, рече Циривири.

Патролирачите имаат две основни задачи- да делуваат превентивно во делот на безбедноста и да интервенираат кога ќе се случи одредена несреќа. Тие се првите и последните кои треба дојдат и заминат од скијалиштата.

-Наутро денот почнува со проверка на ски патеките и заштитната опрема на патеките, два часа тренинг, во зависност од оптовареноста на скијалиштетото со гости и потоа редовно патролирање, се до крајот на денот.

Патролирачите се последните што ги напуштаат ски патеките, тоа го нарекуваме чистење на патеките, после нас не би требало да останат скијачи, потенцира искусниот планинари и спасител.

Тој ја пренесува случката од пред три недели кога интервенирале при скршеница на потколеница на 13 годишно девојче, а впечаток му оставил степенот на смиреност кај таткото.

-Тоа беше искусен скијач и активен во спортови на отворено. Беше критична ситуација затоа што имаше многу лоша видливост надвор од ски патеките, тој и братчето беа смирени и знаеја како да се вклопат во задачите на ски патролата.

Целата таа ситуација се изведе на многу поедноставен начин. Тоа е тоа што нам ни остава впечаток. Имаме незгодни повреди, оперативен третман. Нам не импресионира кога има висок степен на култура, потенцира Констатин.

Членот на службата Драган Илиевски задолжен за употреба на технологија при трагање на изгубени во планина раскажува како пред неколку недели заедно со вработените во ски центарот ги бараа и наоѓаа скијачите кои се загубија поради магла.

-Добивме повик дека има изгубени скијачи, надвор од ски патеки и со комуникација и навигација дојдовме до нив и ги вративме. Некои од нив имаа саати или телефони со ГПС и ја кажаа нивната координата што е нормално и ние имаме такви уреди и ГПС и саати, па успеавме да ги најдеме.

Другите што немаа со викање, ваму сум, гледам тоа-ова, отприлика успеавме да комуницираме, некои од нив со укажување од нашата страна се спуштија до ски патеките. Се потценува времето, иако има магла.

Да се држат до зимска маркација, означеност на патеките и да не се оддалечуваат од безбедни места, има СОС телефон, на секој ски лифт и до инфо поентите, вели Драган Илиевски.

Ски патрола Асклепиј постои од 2005 година за потребите на ски центарот Кожуф каде работеле до 2013 година. Потоа работат на Попова Шапка и Маврово.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вчера изгаснати 32 пожари, активни се два

Редакција

ЈП „Исар“ ја чека дозволата од АХВ за користење на водата за пиење и готвење во Штип

Редакција

Девојка од Вевчани им украла фотографии и недолично се однесувала на лажен Фејсбук профил

Редакција