За новите т.н. бомби од прислушувани разговори наводно на лица од ДУИ, кои вчера беа пласирани на Фејсбук, и дали ќе побара одговорност од коалицискиот партнер зашто има индиции за криминал, премиерот Зоран Заев рече дека не слушнал дека се појавиле нови „бомби“ и не може да ги коментира зашто, како што рече, не знае дали се од објавените материјали што ги поседуваше СДСМ или се нови.
-Дали има или нема индиции зависи од тоа колку е очигледна работата или не е. Кога јас ги објавував „бомбите“ на најтранспарентен начин, секогаш зборував за индиција. Затоа и беа процесирани постапките, затоа беа предадени материјалите.
Според датумите кога биле правени, по моја проценка, една третина од материјалите беа во наша сопственост, дел од тие што биле снимени во тогашната УБК една третина биле доставени до опозицијата.
Добро е што денес има закони за тоа. Очекувам институциите да постапат, зашто финиширањето на Пржинската влада и договарањето беше и правна регулација на неовластеното пуштање во промет на снимки, особено во делот на приватноста, рече Заев.
МИА/Фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Чека објави нова „бомба“ за „Монструм“
Никола Тесла, Илија Громовник, Ел Чека: Кој е следниот што ќе објави нови „бомби„?
„Илија громовник“ доби конкуренција: „Експлодираа“ нови бомби