еМагазин
Image default
Македонија

Заев се сретна со лидерот на „Самоопределување“, Албин Курти

Премиерот Зоран Заев денеска го прими во посета претседателот на партијата „Самоопределување“ од Република Косово, Албин Курти.

На средбата присуствуваа и пратеникот Мухамед Зекири и новоизбраните пратеници од “Самоопределување“ во косовскиот парламент Фиторе Пацоли и Либурн Алиу.

„На средбата беа потврдени исклучително добрите односи меѓу двете земји и се разговараше за идната соработка која има силни потенцијали да ги зајакне билатералните врски во интерес на граѓаните на Северна Македонија и Косово.

Во текот на разговорот на средбата како приоритети се издвоија проектите за инфраструктурно поврзување, меѓу кои, освен автопатот Скопје-Блаце, се издвоија како особено добредојдени патните поврзувања меѓу Тетово и Призрен, како и дооформувањето на капацитетите на граничниот премин Јажинце кои во голема мерка ќе ја олеснат комуникацијата на граѓаните и на бизнис иницијативите меѓу градовите од западниот дел на Северна Македонија и југозападниот регион на Косово.

На средбата меѓу премиерот Заев и лидерот на партијата „Самоопределување“ од Косово, Курти, беше нагласено дека одржувањето на добрите односи и новите иницијативи за соработка меѓу двете земји, е од исклучително значење и за Западен Балкан и за секоја земја во регионот одделно од аспект на заедничките аспирации за членство во ЕУ“, велат од Владата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета на МЦМС: Мнозинство граѓани ќе излезат да гласаат на референдумот, поддршка би дале 41,5 процент

Редакција

Собранието усвои три од законите за кои Иванов не ги потпиша указите

Редакција

Изготвен безбедносен план за Мијалков во затворот во Скопје

Редакција