Во судир помеѓу автомобил и два мотоцикли во Скопје, животот го загуби 19-годишно момче.
Момчето со тешки повреди било пренесено во комплексот клиники “Мајка Тереза„, но им подлегнал на повредите.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) несреќата била пријавена во 22:21 часот на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“.
-Во несреќата учествувале патничко возило „ауди А4“, управувано од 31-годишниот Н.Х. од Визбегово, како и два мотоцикли – „бмв“ управуван од 19-годишниот М.Ф. од Скопје и „Хонда“ управувана од 21-годишниот Н.Б. од Скопје.
По наредба на јавен обвинител, возачот на патничкото возило е лишен од слобода и се преземаат понатамошни мерки за утврдување на одговорност.
На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и екипи од СВР Скопје. Се работи на утврдување на причините и околностите под кои дошло до трагичниот судир, велат од таму.
Фото: Unsplash














