еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Загина 23-годишно момче во сообраќајка на патот Скопје-ХЕЦ Козјак, неколкумина повредени

Во сообраќајка што се случи вчеравечер на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак загина 23-годишно момче од Скопје, а со тешки телесни повреди се здобиле две лица од кои едното малолетно.

Неколкумина сопатници се здобиле со телесни повреди.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила вчеравечер, меѓу патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(23) од Скопје, патничко моторно возило “форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(30) од Скопје и патничко моторно возило “фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(43) од Скопје.

– На местото на незгодата починал возачот М.М., а со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото „опел корса“ Б.С.(24) од Скопје и малолетен сопатник од возилото „форд фокус“ констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Со телесни повреди се здобила Р.К. и сопатниците од истото возило Б.К.(31) и двајца малолетници констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Финансиската полиција влезе во М-НАВ

Редакција

Лингвистите од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ бараат со Бугарија да не се преговара за јазикот, нацијата и историјата

Редакција

(Галерија) Новогодишна магија во Битола: Накитени Широк Сокак, Старата чаршија и Офицерскиот дом

Редакција