Жител на селото Сачево на 69-годишна возраст загина денеска откако се здобил со повреди управувајќи го својот трактор.
Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.
Според неа, настанот бил пријавен во полицијата околу 12 часот.
-Загинатиот го управувал својот трактор во нива во село Сачево, се здобил со повреди по што починал на местото на настанот, изјави Трајанова.
Увид на местото каде загинал трактористот извршил јавен обвинител од ОЈО Струмица, увидна екипа на полицијата, а смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.