еМагазин
Image default
Забава

Започна мултимедијалниот фестивал „Преспаленд 2021“

Со одбележување на првиот час по македонски јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во селото Љубојно, во саботата започна првиот мултимедијален фестивал во овој регион – „Преспаленд 2021“.

Традиционалниот базар и локалните гурмански приказни беа надополнети со настапи на групата „Перија“ и виртоузот на канон и сах, Џенгиз Ибрахим, како и на „Поетри слем Македонија“.

Во неделата на плажата Сливница, се одржа вториот фестивалски ден, каде што многубројната публика имаше можност да ужива во концертите на дуото Дац и Александар и Владо Јаневски.

Следните настани во чест на Илинден и Преспанското советување, ќе се одржат на 1-ви и 2-ри август во Амфитеатарот во Ресен и кај Споменикот во Отешево.

Во рамки на „Преспаленд 2021“ акустичен концерт ќе одржат Љубојна и Слаткаристика, а посетителите ќе имаат можност да погледнат и македонски филм на отворено.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Мадона и Кајли Миног за првпат пееа заедно

Редакција

Македонскиот филм „Мими“ од 13 октомври со кино проекции низ Македонија

Редакција

(Видео) Ријана во супер секси издание ја претстави новата колекција долна облека

Редакција