еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Застаре и предметот за Ивона Талевска и Љупчо Димовски, „Продуцент“

Коалицијата за правично судење соопшти дека поради изменизите на Кривичниот законик, застаре уште еден случај на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), „Продуцент“.

Во случајот се обвинети поранешната новинарка во ТВ Сител, Ивона Талевска, и поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, кадар на Социјалистичката партија.

„Јавното обвинителство предложи судот да донесе решение за запирање на кривичната постапка поради измените на Кривичниот законик.

Судот донесе решение со кое ја запре постапката поради настапување на апсолутна застареност на кривичното гонење“, соопштија од Коалицијата.

Димовски беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Талевска за помагање во истото дело. Станува збор за спорен договор од околу 50.000 евра, склучен без да се распише тендер, од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со „Смарт центар“ за изработка на телевизиски прилози кои беа емитувани во емисијата „Боја на парите“ на ТВ Сител во периодот 2009-2010 година, каде водител беше Талевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Бројчаникот да врти колку пари ќе му вратиме на Мијалков„: Твитер за застарувањето на „Таргет-Тврдина“, делото за масовното прислушување

Мијалков нема да одговара за прислушувањето, застаре делото за „Таргет-Тврдина„, трошоците за судењето ќе ги платат граѓаните

Милошоски нема да одговара за злоупотреба на службена дејност во „Моќник“, само за измама

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Авганистан има 100 македонски државјани, МНР тврди дека биле на безбедни локации

Редакција

Јанева: Милошоски многу се занесува

Редакција

Убава вест: Оздравени 15 болни од Ковид-19

Редакција