еМагазин
Image default
Македонија

Затворен штипскиот Центар за аутизам, медицинска сестра позитивна на Ковид-19 во изолација три деца

Центарот за аутизам во штипската населба Пребег е затворен откако е потврден позитиев тест кај медицинската сестра, вработена во овој центар, потврди за МИА директорката на Центарот за социјални работи-Штип, Златка Иванова.

-Минатата недела вработената добила симптоми, по што веднаш е тестирана, а од превентивни причини во изолација се ставени трите деца, кои го посетуваа Центарот за аутизам, вели Иванова.

Таа додаде дека и во Центарот за интелектуална и телесна попреченост во штипско Ново Село потврден е позитивен случај кај корисник. Минатата недела позитивен беше резултатот на медицинското лице, кое е вработено и во овој центар. Здравствената состојба на остантите корисници и вработени се следи и се во изолација.

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска почнува седницата за избор на нова влада, која треба да почне со работа од понеделник

Редакција

Грчката влада ги бендисала финалните уставни амандмани на македонскиот Устав

Редакција

И по една година, Грција бара „соодветно време“ за ратификација на меморандумите со Македонија

Редакција