еМагазин
Image default
Локално

Затворен угостителски објект во Жеровјане во кој имало 40 гости, најдена и дрога

На 11.12.2020 во 22.35 часот во угостителски објект во с. Жеровјане, тетовско при спроведена акциска контрола од полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државен пазарен инспекторат биле затекнати околу 40 гости во објектот при што од слобода биле лишени сопственикот на објектот Х.А.(31) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „Трговија со луѓе“, како и двајца гости во објектот И.Д.(30) од Тетово, бидејќи кај него била пронајдена прашкаста материја и Е.З.(21) од с. Горно Седларце, тетовско, кај кого била пронајдена марихуана, информираат од МВР.

Воедно во објектот биле затекнати и седум државјанки на Р. Србија, една државјанка на Р. Бугарија и две наши државјанки кои работеле во угостителскиот објект и истите се лишени од слобода.

Објектот е затворен од Државениот пазарен инспекторат и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шеесет и пет годишен човек од Скопје почина во сообраќајка кај Крива Паланка

Редакција

Полицијата спречила грабеж на марихуана од фабрика во Струмичко, уапсени три лица

Редакција

Работник од Албанија пронајден починат во објект на фирмата каде што работел

Редакција