еМагазин
Image default
Бизнис

Завршни зборови на судењето меѓу грчки „Интеркат“ и штипски „Бетон“

Во штипскиот Основен суд денеска завршни зборови имаа бранителите на грчки „Интеркат“ и на штипската градежна компанија „Бетон“.

Речиси една година „Бетон“ како подизведувач на изградбата на новата Клиничка болница во Штип бара да му се исплатата околу два милиони евра од сметката на главниот изведувач.

На денешното рочиште од „Интеркат“ посочија дека не добиле фер шанса поради неуредна достава со фалсификувани потписи на доставницата на пресудата за платниот налог.

Доставата не е уредно извршена и предлагачот немал право да учествува во постапката и да вложи приговор, беше потенцирано во завршните зборови на правниот тим на „Интраком констракшн“.

Бранителот на штипската компанија „Бетон“ бара компанијата да си ги добие парите за сработеното на објектот на штипската Клиничка болница.

-Тужениот уредено го примил налогот, за што сведочат и доказите, па не треба да има повторување на постапката, велат од правниот тим на „Бетон“ Штип.

Додека двете компании се тужат веќе петта година по ред се гради новиот објект на Клиничка болница-Штип. За доизградба на објектот недостасуваат речиси 14 милиони евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поскапува за два денари, цената на другите горива останува иста

Редакција

Стопанска банка Битола оствари добивка од 772.000 денари за девет месеци

Редакција

„Макпетрол“ откупи сопствени акции

Редакција