еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поскапува за два денари, цената на другите горива останува иста

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денари по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуродизел БС (Д-Е V) ќе изнесува 99,5 денари за литар, Еуросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 107, Еуросупер БС – 98 за 109, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 95,5 денари за килограм, додека цената на Мазутот М-1 НС ќе остане 54,64 денари за килограм.

Како причина за новата малопродажна цена на дизелот од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините за 2,027 отсто и кај дизелот за 2,774 отсто, како и за 0,101 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува „метлата“ на премиерот Зоран Заев: Кои се разрешените и новоименуваните функционери?

Редакција

Куќен притвор за Вељаноски, Ристовски и Атанасов, осудените во случајот „Организатори на 27 април”

Редакција

(Фото) Во две големи акции МВР вчера заплени 1,6 тона дрога во вредност од 3,2 милиони евра

Редакција