еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Куќен притвор за Вељаноски, Ристовски и Атанасов, осудените во случајот „Организатори на 27 април”

Судечкиот совет предводен од Илија Трпков, им изрече мерка куќен притвор на Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасов, кои денеска беа осуден на затворски казни за случајот „Организатори на 27 април”.

Ова одлука следеше откако обвинителката Гордана Смаќоска побара изрекување на мерка притвор, но истата судот ја одби. Воедно, за Миле Јанакиески, судечкиот совет истакна дека останува во сила мерката куќен притвор.

Кривичниот суд Скопје денеска ја објави пресудата за “Организаторите на 27 април” и обвинетите ги осуди на вкупно 25 години затвор.

Поранешниот претседател на Собранието, Вељаноски, е осуден на шест години и шест месеци, а поранешниот министер за транспорт и врски, Јанакиески, исто така обвинет во овој случај е осуден на шест години и три месеци. На шест години и три месеци затвор е осуден и поранешниот министер за наука и образование, Ристовски.

За виновен е прогласен и Атанасов, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), и е осуден на шест години затвор.

Судската постапка за случајот „Организатори на 27 април” траеше една година и шест месеци.

Судијата Илија Трпков, при изрекување на пресудата истакна дека државата не се брани со тепање пратеници, односно според него државата не се брани и не се гради со насилство.

Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието започна на 21 февруари 2020 година.

Обвинителниот акт ОЈО за гонење организиран криминал и корупција до Кривичниот суд го поднесе на 31 мај 2019 година, а беше прифатен во 31 јануари 2020 година.

Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Највисока казна за Трајко Вељаноски: Вкупно дваесет и пет години затвор за „Организаторите на 27 април“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“ со поддршка за украинските бегалци: 100.000 бесплатни места на сите летови од Полска, Словачка, Унгарија, Романија

Редакција

Каков имот пријавил Рамиз Мерко, за кој Обвинителството поднесе обвинение за набавката на луксузното „ауди“

Редакција

Убава вест: Оздравени 382 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција