еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Брачниот пар од Штип кој загина во сообраќајка жртва на „диви тркачи“: Детали од Обвинителството

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство (ЈО).

Од прес службата на ЈО информираат дека двајцата осомничени, во вечерните часови на 31 мај, предизвикале тешка сообраќајна несреќа со смртни последици.

Инаку двајцата осомничени со автомобили „Опел астра“ односно „Сеат леон“, тргнале од бензинската пумпа на кружниот тек во Штип со поголема брзина од дозволеното се движеле по улицата „Брегалница“ каде што во непосредна близина на крстосницата кога едното возило кога тргнало да го претекнува другото возило навлегло во коловозна лента за сообраќај од спротивна лента, каде што се движеле двајца сопружници со автомобил „Југо“.

Возачот на „Југо“ во обид да го избегне автомобилот кој доаѓал во негова лента, удрил во другиот престигнуван автомобил, кој што резултирал со смртта на двајцата сопружници.

– Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судот го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена, информираат од ЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загина брачен пар во сообраќајка кај штипската населба Македонка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Жена главен осомничен за бомбата во Истанбул, уапсени уште 45 лица

Редакција

Министерството за правда утре ќе го соопшти составот на работната група за уставни измени

Редакција

Митко Јанчев и Советот на Општината Кавадрци против барањето на ИГМ да гради цинкара

Редакција