еМагазин
Image default
Македонија

Здружението на судска администрација реагира на листата за приоритетно вакцинирање во судовите

Здружението на судска администрација реагира на Листата за вакцинирање и бара информација врз основа на кои критериуми Судскиот совет ја изработи листата за вакцинирање на вработени во судовите.

„Ако според Националната техничка група за имунизација против Ковид-19, при Министерството за здрвство, вработените во судовите се дел од критичната државна инфраструктура, нејасно е како тоа на листата за вакцинирање постои само една категорија на вработени во судовите.

Зошто Судскиот совет не побара информација за бројот на заболени судски службеници од Ковид-19 во изминатите месеци кои ги карактеризираат непочитување на мерките и препораките на Влада на РСМ и Комисија за заразни болести во најголем број од судовите. Можеше ли тие бројки да бидат помали доколку посериозно се менаџираше работењето во вакви пандемиски услови?

Чувствува ли во судството некој одговорност што за разлика од органите на државната управа и единиците на локална самоуправа, во судовите и понатаму судските службеници работат во писарниците и канцеларии со повеќе свои колеги без можност да одржуваат ниту минимум меѓусебно растојание со што во континуитет го загрозуваат и своето и здравјето на своите семејства.

Каде е тука правдата и правичноста која треба да биде темелна вредност на секој судски систем почнувајќи од „сопствениот двор“?,“ се вели во соопштението.

Од Здружението додаваат дека „не само граѓаните, со вакви поделби дури и кога е во прашање јавното здравје, довербата во судството одамна ја губат и вработените во судската служба.“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Природно-математичкиот факултет: Најавените реформи ќе бидат штетни за образовниот процес

Редакција

Во Велес по еден новозаболен и оздравен од Ковид-19

Редакција

Државна матура ќе полагаат 15.899 ученици, екстерните испити се на 4 и 13 јуни

Редакција