Здружението САНО ги објави годинешните добитници на признанието „Пријател на децата во болница“.
Свеченото доделување на признанијата ќе се одржи на 21 декември 2021 година во Македонска Филхармонија.
Добитници се: Сашо Чатлески, д-р Билјана Чонеска Јованова, Седат Казими, волонтерите од гимназијата Орце Николов, д-р Венко Филипче, медицинските сестри од хемато-онколошкото одделение при Клиниката за детски болести и Михаeл Северинац.
„Додека се обидувавме деца да ги подготвиме за животот, тие нас не научија што значи да се живее,“ велат од САНО.
„еМагазин“ ќе биде медиумски покровител на овој настан.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.