еМагазин
Image default
Бизнис

Зголемен бројот на странските туристи во октомври

Вкупниот број на туристи во октомври изнесувал 53.828 од кои 58,9 проценти биле странски туристи, а 41,1 процент домашни туристи.

Реализирани се 124.219 ноќевања од кои 56,3 проценти од странските туристи, а 43,7 проценти од домашните туристи, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари-октомври, бројот на туристи е зголемен за 50,5 проценти во однос на истиот период минатата година. Кај домашните туристи има зголемување за 20,1 процент, а кај странските зголемувањето е за 183,3 проценти.

Зголемен е и бројот на ноќевања за 35 проценти и тоа кај странските туристи се бележи зголемување за 159,9 проценти, а кај домашните за 14,2 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците вработува 17 службеници

Редакција

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

Редакција

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони вработува пет лица, плата до 25.023 денари

Редакција