еМагазин
Image default
Локално

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти со вчерашните, иако Преспанското Езеро за 34 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро е понизок од просечниот и тоа за 14 сантиметри кај Охридското и за 1,37 метри кај Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е за три метри повисоко од повеќегодишниот просек за јануари.

Водостоите на сите реки во земјава се повисоки од просечните, но бележат намалување во однос на вчера. Исклучок е реката Црн Дрим на мерното место во Ложани каде водостојот е повеќе од двојно понизок од просекот за овој месец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жена тешко повредена додека чистела преса

Редакција

Дождот предизвика проблеми: Големи одрони блокираат дел од регионалниот патен правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани

Редакција

Маврово подготвено за скијачите – чист воздух, содржина за деца и тинејџери за време на распустот

Редакција