еМагазин
Image default
Локално

Зголемен водостојот на поголем дел од реките

Водостојот на поголем дел од реките во државата е зголемен во однос на вчера, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

За 18 сантиметри е зголемено нивото на реката Вардар кај Демир Капија, а за 10 сантиметри кај Велес. Исклучок за Вардар е мерното место кај Јегуновце, каде за шест сантиметри е намалено нивото во однос на вчера.

За 10 сантиметри е повисок водостојот и на реката Струмица кај Ново Село, за шест сантиметри на Брегалница кај Берово и за пет сантиметри на Пчиња кај Катлановска Бања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје нема да остане без јавен превоз: ЈСП ќе добие субвенции за 2023 година

Редакција

Не била пријавена никаква родителска негрижа за починатото дете во пожарот во Гостивар, кое било врзано со ланци

Редакција

Приведен скопски дилер: Во домот чувал килограм марихуана, амфетамин и таблети

Редакција