еМагазин
Image default
Локално

Жител на Дебар организирал игри на среќа без лиценца, со нерегистрирана фирма

Полициски службеници и Државниот пазараен испектор вчера во Дебар констатирале дека жител на градот без соодветна лиценца органзирал игри на среќа во објект на главната улица.

-Вчера околу 17 часот, при контрола во спортска обложувалница на улицата „8-ми Септември“ во Дебар, полициски службеници констатирале дека Г.Ц. од Дебар организирал игри на среќа со електронска трка на кучиња, без соодветна лиценца издадена од Министерството за финансии.

Тој исто така и работел без регистрирана фирма за вршење таква дејност, изјави портпаролот на Секторот за внатрешн работи од Охрид, Стефан Димоски.

Според Димоски, повикан е инспектор од Државниот пазарен инспекторат и известена е Управата за јавни приходи. По целосно документирање на настанот, против организаторот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Портпаролот Димоски исто така информираше дека во последното деноноќие полициските службеници од Одделението за внатрешни работи – Дебар констатирале само еден прекршок за неносење заштитна маска, за што е издаден прекршочен платен налог.

МИА/Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија во Радовиш: Двајца алпинисти загинаа во рудникот „Бучим“, при чистење на високо-недостапни силоси

Редакција

Обвинет за убиство сакал со лажен идентитет да се врати во Македонија

Редакција

Конфликт за водовод помеѓу мештаните на Синичане и Урвич, полицијата на терен да спречи конфликт

Редакција