еМагазин
Image default
Македонија

Жители на Врање одат по млеко во Македонија

Недостигот на млеко последниве денови во Србија ги натера жителите на Врање уште еднаш да ја искористат близината на граничниот премин со Македонија, па некои, како што пред поскапувањето полнеа таму гориво, сега одат да купуваат млеко.

Млекото е поскапо е за десет динари (пет денари), но, како што велат, го има доволно во маркетите.

Како што пишува белградската „Нова.рс“, свежо млеко сè уште нема и во најснабдените маркети во Врање, нема ниту стерилизирани млеко, само повремено на некои маркети може да се најде пакување, кое, како што велат продавачите, „набрзина се разграбува“.

-Луѓето прават залихи, зашто неколку пати наишле на празни рафтови поради оние кои панично купуваат, и сега дури и тие што купиле некои вообичаени, нормални количини, купуваат по неколку пакувања ако наидат на некоја количина, изјави за „Нова.рс“ вработена во познат ланец на маркети.

Многу врањанци кои имаа можност викендов купуваа млеко во соседна Македонија или роднини и познаници на минување им носеа залихи на млеко.

-На мојата роднина и донесов неколку пакети затоа што пред да дојдеме на гости ми кажа дека овде нема млеко. Колку што знам во Скопје го има доволно и чудно ми е затоа што претежно тоа е млеко од Босна и Херцеговина или Србија, рече потрошувачка од Скопје за „Нова.рс“ и додаде дека нема забележано оти луѓето во паника прават залихи и оцени дека луѓето што тоа го прават во Србија создаваат дополнителни проблеми.

Стерилизирано млеко во Македонија чини околу 70 денари (околу 140 динари), а жителите од Србија кои го купуваат таму ризикуваат да имаат проблеми на границата поради транспорт на тој вид храна, пишува „Нова.рс“.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Протестираа здравствените работници: „Револтот на граѓаните кулиминира поради крахот на системот“

Редакција

Починаа шест нови пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 368

Редакција

Се најавува нова средба за Законот за јавно обвинителство, партиите до утре треба да поднесат амандмани

Редакција