еМагазин
Image default
Бизнис

Жито лукс ја зголеми добивката за 41%

Во првото полугодие од 2021 година, Жито лукс АД Скопје оствари оперативна добивка во вредност од 7.8 милиони денари, што е значително подобрување за 41% или 2.3 милиони денари споредбено со истиот период минатата година (2020: 5.5 милиони денари), соопшти компанијата преку Македонската берза.

“Пониските финансиски трошоци наспроти минатата година, допринесоа за дополнителни 2 милиони денари, при што добивката пред одданочување се зголеми за 4.3 милиони денари и за првото полугодие од 2021 година изнесува 883 илјади денари.

Приходите од продажба се намалени за 6%, делумно како ефект од ковид-кризата, која започна минатата година (вонредно зголемена побарувачка на производи од сегментите брашно и леб со подолг рок, поради полицискиот час).

Приходите од продажба на домашен пазар бележат намалување за 6%, додека приходите од продажба на странски пазар се зголемени за 6% во споредба со првото полугодие минатата година.

Трошоците на произведени производи се намалени за 6%, и покрај значителното зголемување на трошокот за суровини и пакувачки материјали. Тоа е поради фокусот на компанијата кон рационализација на трошоците и зголемување на продуктивноста.

Ова доведе до подобрување на бруто профитната маржа за 0.6 процентни поени.

Трошоците за продажба и дистрибуција се намалени за 2%, додека административните трошоци бележат намалување од 13%.

Останатите оперативни приходи како и вредносното усогласување и останатите оперативни трошоци се на исто ниво како и минатата година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За надоместоци на Управниот и Надзорниот одбор на Жито лукс лани исплатени 13, 8 милиони денари

Жито лукс за три месеци оствари нето добивка од 5,5 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во преработувачката индустрија се очекува зголемен обем на производство и повеќе вработувања

Редакција

Цената на струјата нема да се менува до крајот на годинава, рано е да се предвиди што после 1 јануари, вели Бислимоски

Редакција

Владата ќе им додели 8 милиони евра на здруженија и фондации

Редакција