еМагазин
Image default
Спорт

Златен медал за Анѓела Мојсовска на Светскиот куп во Умаг, Хрватска

После првиот ден од одржувањето на најмасовниот и највисоко рангиран светски карате куп, организиран од Светската карате федерација (ВКФ), кој се одржува во Умаг, Хрватска, каратистката на скопски „Макпетрол“ Анѓела Мојсовска, успеа да го освои златниот медал во највозрасната младинска категорија на постари јуниори (У21), во тежинската категорија на -68 кг.

Петар Заборски, помошен тренер на „Макпетрол“, истакна дека Анѓела имала извонреден настап и супериорно дошла до првото место и златниот медал.

Во првото коло таа беше слободна, во второто коло победи против натпреварувачката од Швајцарија со 4-1, во третото коло беше подобра од натпреварувачката на БиХ и победи со 5-1, во четвртото коло Мојсовска оствари уште една победа против шампионката на Хрватска која е и носител на европски медал со резултат 3-1, и во финалето победи со резултат од 4-1.

Да напоменеме само дека Анѓела Мојсовска е спортистка од меѓународна категорија која е стипендистка на АМС, (Агенцијата за млади и спорт). За потсетување, во Умаг земаа учество спортисти од 73 држави од целиот свет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Здружението на лекари во Токио бара откажување на Олимписките игри

Редакција

ОК „Вардар“ на чекор пред финале

Редакција

(ВИДЕО) Објавен спотот за „Одиме на Европско“, химната за Европско првенство во фудбал

Редакција