Македонската компанија ЗОИЛ Македонија АД Битола, која неодамна беше купена од српската Алта груп од Белград, ќе докапитализира со 1,3 милиони евра.
Таа доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност по пат на приватна понуда да ја издаде втората емисија акции во вредност од 1,3 милиони евра, наменета за единствениот акционер на Друштвото.
ЗОИЛ Македонија ќе издаде 26.000 обични акции со номинална и продажна вредност од 50 евра по акција, со вкупен износ на емисијата од 1.300.000 евра.
ЗОИЛ Македонија по купувањето од страна на српската групација ќе се преименува во Алта Осигурување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српска Алта група нов сопственик на ЗОИЛ Македонија Битола
Фото: Унсплеш













