Жешкото време со себе носи и нервози, така што едвај можеме да го поднесеме своето тело, а камоли уште некој покрај себе. Постуденото време донесува со себе и прегратки за да се згрееме, а тука се и галење и бакнување под јорган.
После водењето љубов, нема бегање под студен туш туку останување прегрнати во топол кревет. Доколку летно време брзате за да завршите, бидејќи ви е топло, зимно време можете подолго да останете гушнати.
Студените денови се депресивни поради недостаток на сонце и намалување на витамин Д, па тешко ни паѓа станувањето од кревет. Сексот е најдобар лек имајќи предвид дека предизвикува лачење на окситоцин и ендрофин кои влијаат на расположението и намалување на болката.
Според едно истражување, 80 проценти од жените кои носеле чорапи доживеале оргазам, додека партнерите рачно ги задоволувале, за разлика од 50 проценти кои биле боси.
Сексот е добар и за имунитет, бидејќи го зголемува имугоблинот кој има важна улога во борбата притив болестите.