еМагазин
Image default
Циа

ЦИА открива трогателни детали од заедничката судбина на децата-бегалци од Македонија и Грција

Како што во неколку наврати веќе пишуваше „еМагазин“, Централната американска разузнавачка агенција – ЦИА неодамна објави 12 милиони тајни документи меѓу кои и илјадници кои се однесуваат на Македонија и Југославија.

Во оваа прилика пренесуваме како агентите на ЦИА во 1953 година во детали известувале за состојбата во грчкиот детски дом во градот Унцин во тогашна Чехословачка, каде што биле депортирани децата Македонци и Грци кои живееле во Егејска Македонија односно во градовите и селата во близината на југословенско-албанско-грчката граница во периодот на граѓанската војна во Грција.

„Многумина од нив се сеќаваат на градот Јанина, кој го опишуваат како голем град. Во домот има деца од Македонска националност. Децата од двете групи (Грци и Македонци) меѓусебно не се сакаат што често резултира со караници и тепачки“, се вели во документот на ЦИА.

Во него, се даваат и имиња на децата, меѓу кои и на осумгодишната Партизана, која била најдена од партизаните во напуштена куќа.

„Меѓу децата постои очигледна желба да ги задржат нивниот Грчки и Македонски мајчин јазик. Тие сакаат да пејат национални песни и да играат национални игри. Чехословачкиот режим ги тера да научат Чешки јазик за да ги потисне нивните политички афилијации. Повозрасните деца и грчките наставници имаат вистински потешкотии во учењето на Чешкиот јазик“, пишува во документот на ЦИА.

Оргиналниот документ на ЦИА ТУКА.

СИТЕ ДОКУМЕНТИ НА ЦИА ЗА МАКЕДОНИЈА КОИ ЕМАГАЗИН ДО СЕГА ГИ ОБЈАВИ МОЖЕТЕ ДА ГИ НАЈДЕТЕ ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЦИА открива: Македонците од Пирин уште во 1950 година негодувале за наметнување на бугарскиот јазик

Редакција

Криволак во тајните документи на ЦИА

Редакција

ЦИА открива дека ЈНА чувала специјално оружје во подземни магацини кај Битола

Редакција