Како што во неколку наврати веќе пишуваше „еМагазин“, американската Централна разузнавачка агенција ЦИА неодамна објави 12 милиони тајни документи меѓу кои и илјадници кои се однесуваат на Македонија и Југославија.
Во оваа прилика ви пренесуваме како американските разузнавачи ги известувале претпоставените во Вашингтон за постоењето на подземни магацини на Титово брдо во близина на Битола во кои под строго обезбедување се чувало тајно оружје на ЈНА.
„Трите подземни магацини изградени во периодот меѓу 1951-1956 година имаат заоблени влезови кои се чувани за да се спречи влегување. Во магацините, според белешките на воениот персонал задолжен за чување на објектите се чува специјално оружје односно „проектили“, се вели во документот на ЦИА.
Во него, во детали се опишува и какво артилериско и антитенковско оружје се чувало во магацините, како и дека целиот комплекс бил заштитен со бодликава жица во три парарелни редови и воена стража која постојано патролирала низ комплексот.
„Битола е приближно 15-20 милји оддалечена од границата со Грција. Магацините се лоцирани помеѓу Битола и границата. Иако недостигаат детали сите знаци упатуваат на тоа дека таканаречените проектили се некаков вид ракетно оружје“, се вели во документот.
Оргиналниот документ на ЦИА ТУКА.
СИТЕ ДОКУМЕНТИ НА ЦИА ЗА МАКЕДОНИЈА КОИ ЕМАГАЗИН ДО СЕГА ГИ ОБЈАВИ МОЖЕТЕ ДА ГИ НАЈДЕТЕ ОВДЕ.