еМагазин
Image default
Циа

ЦИА открива детали за македонски разузнавачи во САД

Како што во неколку наврати пишуваше „еМагазин“, американската Централна разузнавачка агенција – ЦИА неодамна објави 12 милиони тајни документи меѓу кои и илјадници кои се однесуваат на Македонија и Југославија.

Во оваа прилика ви пренесуваме документ на ЦИА од 1953 година кој е всушност копија на документ од ФБИ (Федерално истражно биро) во кој се опишуваат активностите на извесен Благое Поповски во Детроит и пошироко во САД.

Во документот може да се види дека американските агенти користеле информатори меѓу Македонците во САД кои ги известувале за активностите и на други македонските разузнавачи кои имале задача да организираат про-комунистички групи меѓу нашите иселеници кои би го поддржале режимот на Тито во Југославија односно во Македонија. Тие биле сметани како опасност за САД со оглед на тоа што биле испратени од комунистички режим.

„На 9 октомври, 1950 година, информаторот од Детроит кој имал средби со субјектот уште кога бил во Југославија брифираше дека тој неодамна бил во Детроит каде што имал средби со Кирил Јуров, сопственик на маркет во Детроит. Субјектот бил придружуван од извесен Курбиновски. Двајцата имале дипломатски пасоши.

Според информаторот, Поповски влегол во САД како репортер, а Курбиновски како трговец со тутун од Југославија. Тој тврди дека израснал заедно со двете лица и дека ниту едниот бил репортер за весник, ниту другиот бил трговец со тутун“, се вели во документот.

Во документот понатаму во детали се опишува како Поповски се интересирал за работата на Македонската патриотска организација (МПО) во САД и како во повеќе наврати патувал на релација Вашингтон – Детроит при што организирал собирање пари, групи за поддршка на режимот на Тито во Југославија и цела мрежа на луѓе со цел да агитира кон задржување на комунистите во Југославија.

Заради тоа некои од Македонците редовно го известувале ФБИ бидејќи сметале дека станува збор за опасен човек кој работи против македонската идеја и е опасен прорежимски комунист.

Оргиналниот документ на ЦИА ТУКА.

СИТЕ ДОКУМЕНТИ НА ЦИА ЗА МАКЕДОНИЈА КОИ ЕМАГАЗИН ДО СЕГА ГИ ОБЈАВИ МОЖЕТЕ ДА ГИ НАЈДЕТЕ ОВДЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вилите на Лазар Колишевски на Водно во тајните документи на ЦИА

Редакција

Киро Глигоров во тајните документи на ЦИА

Редакција

ЦИА открива дека ЈНА чувала специјално оружје во подземни магацини кај Битола

Редакција