еМагазин
Image default
Циа

ВМРО-ДПМНЕ во тајните документи на ЦИА

Како што во неколку наврати веќе пишуваше „еМагазин“, американската Централна разузнавачка агенција ЦИА неодамна објави 12 милиони тајни документи, меѓу кои и илјадници кои се однесуваат на Македонија и на Југославија.
Во оваа прилика ви пренесуваме како разузнавачите на ЦИА ги известувале претпоставените за воведувањето на новото македонско знаме, како и за македонската химна.

Во документ од 1992 година, разузнавачите на ЦИА пренесуваат во детали каква била дебатата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и останатите партии при воведувањето на двете главни државни обележја.

„На 12 август дневниот весник „Нова Македонија“ го објави новото Македонско национално знаме на насловната страна. Во центарот на знамето на црвена позадина има златна ѕвезда со 16 краци.

Според текстот во весникот, ВМРО-ДПМНЕ првично инсистирала главно обележје на знамето да биде лав, средновековен македонски амблем, но потоа се потчини на вољата на останатите партии кои се противе на тоа со образложение дека станува збор за партиски симбол“, се вели во документот на ЦИА од 1992 година.

Во него се додава дека албанските партии ПДП и НДП ја бојкотирале седницата на која била донесена одлуката за новото знаме на Македонија бидејќи сметале дека тоа историски рефлектира само една националност.

Албанските партии негодувале и за новата химна бидејќи сметале дека комунистичка и дека ја претставувала борбата за победа и државност на само една националност.

Оргиналниот документ на ЦИА ТУКА.

СИТЕ ДОКУМЕНТИ НА ЦИА ЗА МАКЕДОНИЈА КОИ ЕМАГАЗИН ДО СЕГА ГИ ОБЈАВИ МОЖЕТЕ ДА ГИ НАЈДЕТЕ ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Криволак во тајните документи на ЦИА

Редакција

ЦИА открива детали за македонски разузнавачи во САД

Редакција

„Македонски синдром“: Што пишува за Бугарија во таен извештај на ЦИА од 1971 година

Редакција