еМагазин
Image default
Циа

Вилите на Лазар Колишевски на Водно во тајните документи на ЦИА

Како што во неколку наврати пишуваше „еМагазин“, американската Централна разузнавачка агенција – ЦИА неодамна објави 12 милиони тајни документи меѓу кои и илјадници кои се однесуваат на Македонија и Југославија.

Во оваа прилика ви пренесуваме како разузнавачите на ЦИА уште во 1951 година во детали ги известувале претпоставените за активностите на градежната компанија „Бетон“, менаџерскиот тим на компанијата и за бројот на вработените.

Во документот на ЦИА е наведена и листа на објекти на чија изградба била ангажирана оваа градежна компанија меѓу кои и Министерството за внатрешни работи, дирекцијата на Управата за државна безбедност (УДБА), повеќе фабрики, училишта и факултети, како и вилите за државните функционери лоцирани на Водно.

„Во 1949 година беа изградени шест вили во близина на селото Водно. Тие се познати како вилите на Лазар Колишевски и им беа дадени на користење на министри и други високо рангирани функционери. Подоцна, на Водно беа изградени повеќе вили“, се вели во документот на ЦИА.

СИТЕ ДОКУМЕНТИ НА ЦИА ЗА МАКЕДОНИЈА КОИ ЕМАГАЗИН ДО СЕГА ГИ ОБЈАВИ МОЖЕТЕ ДА ГИ НАЈДЕТЕ ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЦИА редовно ги следи изборите во Македонија уште од 1947 година

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ во тајните документи на ЦИА

Редакција

Тајните документи на ЦИА откриваат обид за атентат на Тито од неговата гарда на Блед

Редакција